1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Тачи го демантира Николиќ

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја отфрли изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Приштина се откажала од своите ставови по прашањето на заедница на српските општини на Косово.

Премиерот на Косово Хашим Тачи во косовскиот парламент, каде што ги информираше пратениците за дијалогот со Србија, рече дека основа за разговорите се Уставот и законите на Косово, како и планот на Марти Ахтисари,. Тачи рече дека за време на последната рунда разговори со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел не е постигнат компромис, но дека е и натаму оптимист по прашањето на успех на дјалогот.

Претседателите на двете најголеми опозициони партии на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување, Иса Мустафа и Аљбин Курти, разговарале за опасностите кои за Косово ги носи дијалогот со Србија, пишува денеска весникот „Коха Диторе“, но други детали не се наведени.

Српскиот претседател Томислав Николиќ, вчера (11.03) по разговорот со високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел, изјави дека Приштина попуштила и дека двете страни се поблиску до договор.