1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тарчуловски префрлен во затвор во Германија

Јохан Тарчуловски, остатокот од затворската казна што му ја одреди Хашкиот трибунал ќе го помине во затворот во градот Диц, во Германија. Тој денеска (07.07) од Хаг бил префрлен во германскиот затвор.

default

Зградата на притворот во Шевенинген

Јохан Тарчуловски, кој е единствениот македонски осуденик за воени
злосторства од воениот конфликт во 2001-та, треба да го отслужи остатокот од 12-годишната затворска казна во градот Диц, во западна Германија. Ова за македонските новински агенции го потврдиле извори од семејството на Тарчуловски. Тој во притворот во Шевенинген мина 6 години. Тарчуловски може да бара помилување откако ќе одлежи две третини од казната, односно
најрано за три години.

Хашкиот трибунал го прогласи Тарчуловски за виновен во јули 2008 година,
затоа што командувал и ја планирал полициската акција во селото Љуботен,
кога беа убиени тројца цивили етнички Албанци. Трибуналот го прогласи за
виновен и за сурово постапување, како и за уништување на куќите и имотот на
уште 13-мина етнички Албанци во истата полициска акција. Во мај 2010 година
Трибуналот ги потврди вината и затворската казна на Тарчуловски.
Јохан Тарчуловски беше екстрадиран во Хаг во март 2005 година по барање на
Трибуналот.

Автор:СН/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: Симе Недевски