1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Таро Асо-нов лидер на владејачката партија во Јапонија

Асо кој неделава треба да биде избран и за нов јапонски премиер важи за претставник на конзервативното крило на Либерално-демократската партија, кое сака да ги ревидира некои од реформите од последните години.

default

Таро Асо

Откако во централата на ЛДП во Токио беше објавен исходот во полза на Таро Асо, одекна краток аплауз. Со 351 освоени гласа тој оствари убедлива победа. Неговите четворица против-кандидати, освоија само меѓу 25 и 66 гласа.

Примарна задача: победа на наредните избори

„Штотуку сум избран за 23-ти претседател на Либерално-демократската партија. Отсега натаму ние како владејачка партија мораме да ги вложиме сите сили за да победиме на изборите за Долниот дом на парламентот против Демократската партија на Јапонија. Дури откако ќе ја остварам оваа цел може да се каже дека навистина сум ја извршил својата задача“- изјави Таро Асо по изборот.

Уште за време на своите настапи во кампањата за претседателското место во партијата, Таро Асо имаше предвид сосема други избори, имено оние за долниот дом на парламентот кои треба да се одржат најдоцна до септември 2009-та година. Тој речиси и да не влегуваше во судир со четворицата против кандидати, туку во визирот го имаше лидерот на најголемата опозициска партија Озава.

Љубител на јапонски стрипови и аниме-филмови

68 годишниот Асо од среда натаму веројатно како нов јапонски премиер ќе има можност поинтензивно да води расправа со Озава. Тој дотогаш би требало веќе да биде избран за наследник на премиерот Фукуда од страна на значителното мнозинство на ЛДП во Долниот дом на парламентот.

Асо кој беше министер за надворешни работи во кабинетите на премиерите Коизуми и Абе, важи за конзервативен политичар, кој се залага за силна и самоуверена Јапонија. Кај помладите избирачи Асо, кој потекнува од влијателна политичка династија проаѓа добро поради неговата наводна љубов кон јапонските стрипови и т.н аниме филмови како и поради неговиот опуштен начин на говорење.

Само ЛДП може да ги реши проблемите на јапонскиот народ

„Проблемите кои денес ги има јапонскиот народ - имено проблемот на високите животни трошоци, несигурната иднина и проблемот на националната безбедност. За сето тоа треба отворено да дискутираме и да ги правиме неопходните чекори. Уверен сум во тоа дека нема друга партија освен нашата, која може да го спроведе тоа“

Ова беше веќе 4-ти пат, Таро Асо да се кандидира за лидер на ЛДП. Тоа што токму сега беше избран на функцијата се должи и на фактот дека најдоцна во септември наредната година треба да се одржат парламентарните избори во земјата. Таро Асо важи за вешт учесник во изборните кампањи, кој на ЛДП треба да и ја поправи досега најлошата состојба во анкетите на популарноста.