1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Танго на моќта

Долниот дом на рускиот парламент, Думата, во второ читање го одобри продолжувањето на мандатот на претседателот на државата од четири на шест години.

default

Думата во Москва, или како што уште ја нарекуваат „руската Бела куќа“

Промената на уставот треба да ја одобрат уште вториот дел од Парламентот и две третини од регионалните собранија. Во меѓувреме, во Москва се шпекулира дека поранешниот шеф на државата и сегашен премиер, Владимир Путин, по промената на уставот повторно ќе се кандидира за функцијата - претседател на Русија.

Темпото со кое Дмитри Медведев ги преточува уставните реформи во закони е навистина огромно. И второто читање мазно помина во Думата, во краток рок. Само комунистите гласаа против, но другите се единствени: „Мислиме дека четири години се прекраток мандат. На пример,

Russland Präsident Dimitri Medwedew Rede zur Nation in Moskau

Рускиот претседател, Дмитри Медведев

ако се земе буџетот, мора да се планира за два тригодишни периоди. Или, ако се имаат предвид новите комплицирани задачи пред кои стои Русија. Мандатот кој е предложен е оптимален“, вели еден пратеник.

Како да се остане вечно на власт?

Зад кулисите, пак, се шпекулира. Политичари, истражувачи на јавното мислење и политиколози се прашуваат: кому му е во полза продолжувањето на мандатот на шест години? На Путин или на Медведев? Лилиа Шевцова од московскиот „Карнеги центар“ се смее: „Тоа воопшто не е важно. Не трошете си ги интелектуалните способности да пронајдете кој од двајцата го води танцот. Не постојат разлики.“

Путин и Медведев играат свој танго, смета Шевцова. Танго на моќта. По дефиниција, импровизирачки танц: „Промените на уставот кои сега служат како средство, се нужни за разјаснување на едно важно прашање: како можеме вечно да останеме на власт?“, смета таа.

Дуото на врвот има поддршка од сите?

Необично е важно, притоа, промените да се извршат пред финансиската криза да премине во појасна економска криза. Сите се‘ уште го

Wladimir Putin in China Reaktion auf Kriegsausbruch in Südossetien

Рускиот премиер, Владимир Путин

поддржуваат водечкиот дует, од народот до партиите и важните фирми. Но, во акутна кризна ситуација тоа може да се промени, смета Шевцова. Затоа е важно да се заштити добриот имиџ на Путин, со кој тој се здоби во осумте години од стапувањето на функцијата.

„Кризата продолжува, ќе стане уште полошо отколку што мислиме, можеби гадно. Значи, ни‘ треба една конфигурација на моќ, која ми овозможува, мене, на Путин, да не бидам одговорен за кризата. Тоа значи, мора да бидам премиер и да вршам друга задача,

Dmitri Medwedew bei Gespräch mit Wladimir Putin zu Georgien Südossetien

Моќно дуо

во која имам влијание врз државата, но не сносам одговорност. А, тоа го овозможува само една функција: претседателската“, вели Шевцова.

Реформите треба да покажат дека Русија се менува

Ако кризата заврши катастрофално за Русија, на Путин му останува можноста официјално да го заврши танцот. Моќта останува кај Медведев, кој ќе ги штити интересите на својот ментор. За неговите реформски предлози кои треба да водат кон повеќе демократија и конкуренција Шевцова вели: „Овие реформи се само имитација. Тие треба да покажат дека Русија се менува. Медведев да не изгледа глупав и да може да му конкурира на Обама и неговата програма за промени.“