Талибанци | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Талибанци

Талибан- во превод од пашту, зборот талибан значи „студент“ или „ученик“- е сунитско исламистичко фундаменталистичко движење во Авганистан.

Во периодот од 1996 до 2001 година, талибанците држеа под контрола околу три четвртини од територијата на Авганистан, и притоа воспоставија систем на стриктно почитување на Шарија- Исламскиот закон. Како силна воена фракција талибанците се појавија во 1994 година за време на граѓанската војна во Авганистан а ги предводеше Мохамер Омар. Зародишот на движењето е во периодот на советската окупација на Авганистан, кога американската ЦИА и пакистанската тајна служба формираа одреди од муџахедини кои се бореа против Советите. Владеењето на талибаните во Авганистан беше запрено по американската воена интервенција во 2001 година, а оттогаш талибанците водат герилска војна против силите кои тие ги сметаат за окупатори.

Покажи повеќе написи