Талибанците ја презедоа одговорноста за атентатот во Кабул | Вести | DW | 17.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Талибанците ја презедоа одговорноста за атентатот во Кабул

*

Радикалните Талибанци ја презедоа одговорноста за еден од најсмртоносните напади во главниот авганистански град Кабул. Во експлозија на подметната бомба во автобус денеска загинаа најмалку 35 лица. Поголемиот дел од нив се полицајци. Во Кабул од денеска меѓународната полициската мисија официјално треба да ја преземе ЕУ.