1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Талибанците убија заложник во Авганистан

Речиси две недели по грабнувањето на 23ца Јужнокорејци во Авганистан, Талибанците убија уште еден заложник. Полицијата го откри телото рано утрово на десет километри од градот Газни.

default

Јужнокорејците се молат за животите на сограѓаните

Утрово е пронајдено телото на вториот убиен заложник од групата Јужнокорејци. Според податоци на полицијата Талибанците, најеворјатно пукале во неговата глава.

За убиството на заложникот, доцна синоќа само именуваниот портпарол Јусуф Ахмади, за германското радио наведе и конкретни податоци. Тој рече дека Околу 22часот и 30 минути локално време вчера е убиен уште еден заложник. Телото би требало да биде пронaјдено во Газни, главниот град на истоимената провинција. Ахмади дури ја наведе и улицата каде може да се најде телото. И доколку авганистанската влада конечно не ги исполни барањата и да ослободи Талибанци од затворите, ќе бидат убиени уште Кореанци, се закани Ахмади.

Кратко пред тоа авганистанските преговарачи изразија уверување дека Талибанците ќе им дадат уште два дена за барање решение.

Талибанците се огласија преку медиумите

Пртходно милитантните исламисити се обратија до јавноста, откако вчера истече последниот од редицата ултиматуми.

Арапската телевизија Ал Џезеира емитуваше видео снимка на која се прикажани дел од грабнатите, девет жени и три мажи, а во позадина се слуша глас кој ја проколува САД. За тоа од каде потекнува видео снимката Ал Џезеира не наведе детали, според проценката на телевизијата снимките би можеле да бидат стари до четири денови, по што групата е разделена.

Поради постојаните ултиматуми и промената на барањата, по киднапирањето на 19 јуни набљудувачите сметаат дека групата е поделена и неможе да се постигне единство за барањата.

Германскиот државјанин и натаму во заложништво

Два дена пред грабнувањето на Јужнокорејците, во Авганистан во поворвинцијата Вардак беа грабнати и двајца Германци. Едниот од нив почина, а обдукацијата на неговото тело во Германија засега сеуште не ги дала конечните резултати за причината за неговата смрт. Во меѓуврме според Втората програма на германската телевизија, не е познато местото каде се наоѓа вториот германски државјанин грабнат во Авганистан.

Министерот за надворешни работи на Авганистан Рангин Спанта нагласи дека неговата владата прави се за да го ослободи заложникот „Во моментов со сета сила се концентрираме да ги ослободиме луѓето, тоа е во центарот на нашите активности. Локалните власти, племенските водачи и религиозните личности работат заеднички. Ќе сториме се што можеме.“ рече Спанта