Талибанците со нов ултиматум за заложниците | Вести | DW | 30.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Талибанците со нов ултиматум за заложниците

*

Киднаперите на 22 јужнокорејски државјани во Авганистан, на властите во Кабул им дадоа рок до денеска попладне за да ги исполнат барањата за ослободување од затвор на нивните соборци. Доколку тоа не биде сторено ќе убиеме еден или двајца од заложниците, изјави претставник на талибанските бунтовници. Сеуште се водат преговори за ослободување и на германскиот инженер. Според информациите тој бил во добра состојба. Од вчера во Келн во тек е обдукцијата на вториот германски

државјанин кој беше застрелан од киднаперите во Авганистан.