1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците презедоа одговорност за убиството на советникот на Карзаи

Радикално-исламистичките талибанци презедоа одговорност за нападот врз поранешниот гувернер на провинцијата Урузган и близок советник на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Џан Мохамад Хан.

default

Портпарол на талибанците изјави дека Џан морал да „плати за своите дела.“ Според полицијата, Хан бил убиен кога неколку вооружени лица го нападнале неговиот дом. При нападот е убиен и пратеникот во авганистанскиот парламент, Хашим Ватанвал. Хан, кој беше и близок пријател на Карзаи, е поранешен гувернер на јужната провинција Урузган. Неговата смрт е втор тежок удар за Карзаи за помалку од една недела, откако претходно беше убиен неговиот најмлад брат, Ахмад Вали Карзаи.

Убиството на Хан се случи на денот кога меѓународните сили започнаа со предавање на одговорноста за безбедноста на авганистанските полициски и армиски сили.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв/миа

Редактор: Трајче Тосев