Талибанците одговорни за нападот во Кабул | Свет | DW | 21.11.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците одговорни за нападот во Кабул

Две лица утрово загинаа, а едно е повредено во самоубиствен напад, што се случи во дипломатскиот кварт во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Талибанците во електронска пошта испратена до новинарите ја презедоа одговорноста за денешниот самоубиствен напад во Кабул, при што загинаа четири лица, a петмина се повредени.

Двајца мажи активираа експлозив што го имале на себе во близина на американската база Кемп Егарс во Кабул. Во инцидентот загинаа двајца членови на обезбедувањето и двајцата напаѓачи, а петмина цивили се повредени.

Напаѓачите пешки се движеле и биле забележани од авганистанските безбедносни сили кога се доближиле до Кемп Егарс. Полицијата отворила оган врз напаѓачите, а тие го активирале експлозивот.

Нападот се случи во дипломатскиот кварт Вазир Акбар Хан околу осум часот по локално време, во близина на амбасадата на САД. Во квартот живеат високи авганистански претставници, има претставништва на меѓународни организации и на меѓународната воена коалиција.

Нападот е извршен откако странските и авганистанските сили ги зајакнаа безбедносните мерки во Кабул поради празникот Ашура, што се одбележува в сабота од шиитите. Минатата година за време на празникот бомбаш-самоубиец активира бомба меѓу верниците во шиитски храм, при што загинаа 56 луѓе, а над 160 беа повредени.