1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците најавија офанзива во Авганистан

Талибанците во Авганистан за наредните месеци најавија серија самоубиствени атентати во странски воени бази и дипломатски квартови.

Екстремистите најавуваат дека се планираат и напади врз домашните безбедносни сили, од страна на лица кои ќе се вовлечат во редовите на авганистанската армија и полиција. Талибанците најавуваа „пролетни офaнзиви“ и во претходните години. Минатата година по заканата следуваше 18-часовна престрелка околу западните амбасади, главното седиште на ИСАФ и зградата на парламентот во Кабул, како и повеќе самоубиствени напади.

Почетокот на борбите, по острата зима во Авганистан, годинава е особено во фокус поради тоа што ИСАФ се‘ повеќе задачи предава во рацете на авганистанските безбедносни сили. Мисијата на ИСАФ, која во моментов брои 130.000 војници, до крајот на годинава треба да се намалува постепено. Потоа Авганистанците би требало самите да се грижат за безбедноста во земјата.