1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците најавија одмазднички напади против Пакистан

Талибанците во Пакистан сакаат да се одмаздат за нападот со беспилотно летало на САД врз нивниот водач. Тие сметаат дека пакистанската влада работи со САД. Планирантие мировни разговори стануваат неизвесни.

Новоизбраниот водач на сојузот на пакистанските Талибанци, Мула Маулана Фазлулах, се смета за тврдокорен и за противник на мировните преговори со владата. Екстремистите ги отфрлија планираните преговори. Портпарол на талибанците по изборот на Фазлулах изјави: „Ние веруваме дека пакистанската влада е партнер на Америка (...) и никогаш нема да зборуваме со неа“.

Освен тоа радикално-исламистичките пакистански талибанци се заканија со одмазнички напади за убиството на претходникот на Фазлулах, Хакимула Мехсуд со помош на американско беспилотно летало пред една недела. Сматула Шахеен, претседателот на Советот кој го избра Мула Фазулах за новинската агенција Ројтерс изјави: „Ние ќе ги нападнеме безбедносните сили, зградата на владата, водачите на полицијата и полицијата“.

„Граѓаните не треба да се плашат“

Пакистанските талибанци имаат намера да го спроведат својот одмазнички план пред сѐ во најгусто населената провинција Пунџаб, во која се наоѓа и седиштето на премиерот Наваз Шариф, предупреди шефот на советодавното тело - Шурата. Шахеен во телефонскиот разговор со агенцијата рече дека му било важно јасно да се каже дека „граѓаните не мора да стравуваат“.

Нападот со беспилотно летало врз шефот на пакистанските Талибанци Месуд се случи еден ден пред планираниот почеток на преговорите, за кои се изјасни Месуд. Потоа пакистанската влада го обвини Вашингтон дека ги „саботирал“ преговорите.

Сојузот на пакистанските Талибанци ја сочинуваат повеќе од десет екстремистички талибански групи. Тој е формиран во 2007. година.