1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Талибанците напаѓаат и на северот од Авганистан

Бомбаш самоубиец утринава се разнесе себеси во градот Кундуз на североистокот од Авганистан. Тој притоа во смрт со себе однел уште најмалку 9 авганистански полицајци- јавуваат локалните медиуми. Во нападот се случил во близина на главната полициска станица во градот и на седиштето на провинцискиот гувернер биле повредени уште 25 лица. Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанските бунтовници . Нападите во релативно мирниот северен дел на Авганистан каде меѓу другите за безбедноста се одговорни и војниците на Бундесверот досега беа ретки. Талибанските бунтовници во последниве месеци извршија серија самоубиствени напади главно на југот и на истокот од земјата.