1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците и натаму вршат притисок

По убиствотo на вториот Јужнокореанец, владата не сака да ги исполни условите на Талибанците. Во меѓувреме се појави видео снимка со германскиот заложник, во која тој упатува барања до германската влада.

default

Нов ултиматум од грабнувачите

На видео снимката, која ја емитуваш Арпската телевизија Ал Џезеира се гледа грабнатиот Германец. 62 годишниот инжинер ја моли германската влада и САД да ги повлечат трупите од Авганистан за да му помиогнат да се врати кај своето семејство. Гласот на заложникот, едвај се слушал на видео снимката. На снимката тој е околен од маскирани лица кои го насочуваат оружјето кон него. Портпаролот на министерството за надворешни работи во Берлин Мартин Јегер видео снимката ја оцени како целно лансиран документ за застрашување.

За состојбата на грабнатиот германски државјанин зборуваше и портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Земари Башери „Според нашите информации, тој се чувствува добро, неговата здравствена состоба е задоволителна.“

Инаку вчера беше пронајдено мртво телото на Шим Сунг мин на неколку километри од главниот град на провинцијата Газни. Тој беше дел од групата Јужнокореанци, кои Талибанците ги грабнаа на патот од Кабул кон Кандахар пред две недели.

Кога и како ќе заврши оваа заложничка драма, за тоа не сакаше да зборува портпаролот на авганистанската влада, Хумајан Хамидзада „Ситуацијата ја посматраме од сите страни и правиме се што можеме за ослободување.“

Но Талибанците и натаму вршат притисок. До денеска напладне по локално време владите во Кабул и Сеул имаат можност да ги исполнат нивните барања, во поинаков случај ќе биде убиен некој од заложниците.

Владата во Авганистан сега се наоѓа во тешка позиција ако се преземе насилна акција за ослободување, постојат големи ризици, од друга страна неможе да се исполнат барањата за ослободување на Талибанци од затворите.