1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците жестоко напаѓаат во Кабул

Во голем напад на талибанците врз авганистанските и меѓународните институции, загинаа најмалку три лица. Кабул го тресат детонации, а се слушаат и пукотници.

default

Кабул е постојано цел на напади на талибанците (архива)

Цел на нападот биле главното седиште на ИСАФ-силите, како и регионот околу американската амбасада во Кабул. Во американската амбасада, која е една од најголемите во светот, работат стотици дипломати. Покрај низата силни детонации, во центарот на Кабул се слушаат и пукотници. Во изјава на ИСАФ-трупите се вели дека во борба против напаѓачите се испратени нивни војници кои се борат заедно со авганистанските сили. Досега, според ИСАФ, нема повредени на нивна страна, а авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека се убиени најмалку еден полицаец и двајца од напаѓачите.

Портпарол на талибанците изјави дека цел на „самоубиствените напади“ се претставништвата на авганистанските и на странските тајни служби. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во Брисел изјави дека талибанците се обидуваат да ја попречат преодната фаза во Авганистан, но дека тоа нема да им успее. НАТО има намера да ги повлече своите борбени сили од Авганистан до 2014 година.

Автор: ЕМФ/афп

Редактор: Б. Георгиевски