1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Талибанците го инфилтрирале војникот што ги уби француските војници

Авганистанските талибанци денеска информираа дека тие го регрутирале авганистанскиот војник, кој вчера (20.01.2012) уби четворица француски војници, а рани 15, од кои осуммина сериозно.

default

Талибанците инфилтрирале свои луѓе на повеќе позиции

„Исламистичкиот Емират на Авганистан има регрутирано луѓе на значајни позиции. Некои од нив веќе ги извршија мисиите“, изјави портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид, користејќи го другото име со кое се идентификува оваа исламистичка група.

Französische Soldaten in Afghanistan

Француските војници се дел од 130.000 странски трупи во Авганистан

Регионалниот командант на талибанците додаде и дека инцидентите, како видеото на кое американски маринци уринираат врз тела на убиени талибанци, ја зголемува поддршката за оваа група меѓу Авганистанците. Муџахид се закани и со нови напади.

Вчерашниот напад беше причина францускиот претседател Никола Саркози да нареди запирање на обуките, што француските трупи ги прават на авганистанските војници, а се закани и со можно предвремено повлекување на француската војска од Авганистан, која е дел од 130.000 странски трупи во земјата, што треба да се повлечат од таму до крајот на 2014-та.

Marc Grossman

Марк Гросман треба да ги поттикне преговорите меѓу Авганистанците и талибанците

Еден ден по нападот врз француските војници во Кабул допатува американскиот претставник Марк Гросман, за да разговара со претседателот Хамид Карзаи за мировни преговори со талибанците.

„САД се подготвени да помогнат на каков и да е начин на кој што можат во процесот на помирување во Авганистан, за наоѓање на мирен крај на овој конфликт“, рече Гросман. Американски фунционери оценуваат дека ако Карзаи се согласи, разговорите би можеле да се отворат за неколку недели.

Автор: Александар Методијев/ројтерс/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска