1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Талер: Некој во Македонија се обидува да напише нова историја

Известувачот на ЕП за Македонија, Зоран Талер реагираше на тврдењата на дел од македонските политичари дека земјата во 1995 година пропуштила шанса да побара прием во ЕУ, кои според него не се точни.

default

Зоран Талер

Tврдењата на некои македонски и германски политичари дека Македонија пропуштила шанса уште во 1995 година да аплицира за членство во ЕУ, денеска беа повод за реакција и во Брисел. По евроамбасадорот Ерван Фуере кој ги отфрли ваквите тврдења како апсурдни, денеска (14.09.10) и известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Зоран Талер констатираше дека истите се многу далеку од реалноста и вистината.

„Тврдењата дека македонската влада го блокирала почетокот на преговорите во 1995 година се очигледно погрешни. Членството во ЕУ во тој период едноставно не беше можно“, изјави Талер.

„Загрижени сме“, продолжува понатаму словенечкиот парламентарец, „дека некои во ПЈРМ се обидуваат повторно да ја напишат историјата. Се чини дека тие произведуваат политички судир со цел да го оттргнат јавното мислење од актуелниот проблем, а тоа е како да се дојде до компромис со Грција“, вели Талер.

Автор: БГ/ТМ

Редактор: Александра Трајковска