1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Такси за влез од Косово во Македонија

Македонските власти од синоќа на полноќ воведоа влезни такси за граѓаните, превозниците и бизнисмените од Косово, јавуваат косовски, српски и македонски медиуми. Влада во Скопје не се огласи за воведувањето на оваа мерка

Приштинските медиуми од граничниот премин Блаце јавуваат дека од синоќа на полноќ за влез во Македонија се наплаќа такса за возилата и патниците кои патуваат кон Македонија, но и за транспортните возила.

Македонската влада во текот на денот не даде официјална потврда за воведување на мерката. Новинските агенции информираат за различни бројки. За секое патничко возило што влегува во Македонија се наплаќа такса од пет евра, а за секој патник во возилото по две евра. Таксата за автобусите и камионите, по возило, изнесува 20 евра, според агенцијата Бета, односно 10 евра според агенцијата Макфакс, додека за секое лице во тоа возило се наплаќа исто така по две евра.

Како што јавува агенцијата Бета, поради овие мерки на преминот Блаце е создаден метеж и долги колони возила кои чекаат да влезат во Македонија.

Одлуката на македонските власти е донесена како одговор на ембаргото кое приштинските власти го воведоа на десетина производи од Македонија, бидејќи владата во Скопје претходно го отежна, односно забрани увозот на пченица и брашно од Косово. Косово пред три дена, без најава, разговори и какви било предупредувања ја воведе мерката за забрана за увоз на македонски производи.

Поврзана содржина