1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тажна посета на Меркел на Авганистан

Kанцеларката Ангела Меркел допатува во ненадејна посета на Авганистан. Кусо пред божиќните празници таа е во посета германските војници стационирани во земјата. Вчера еден од нив го загуби животот за време на должноста.

default

Ангела Меркел во Авганистан

Шефицата на германската влада, Ангела Меркел во раните утрински часови допатува во авганистанскиот град Кундус каде под засилени мерки за безбедност ја посети базата на германските војници. Таа е придружувана од министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, како и генералниот инспектор на Бундесверот, Фолкер Викер.

Меркел за време на кратката посета разговараше со војниците кои учествуваат во опасната мисија во Авганистан. Во таа пригода таа меѓу другото истакна дека во Авганистан не само што владеат услови на војна туку и оти германските војници се вовлечени во битки кои се случуваат само во војни.

Еден војник загина непосредно пред посетата

Bundeskanzlerin Angela Merkel besucht Afghanistan

Во посета на војниците

Кусо пред посетата на канцеларката, во Авганистан загина еден германски војник. Како што соопшти воената команда во Потсдам, припадникот на Бундесверот во тој момент не учествувал во некој од вооружените судири. 21 годишниот војник е пронајден во провинцијата Баглан, тешко повреден со прострелни рани. Тој подоцна подлегнал на повредите. Канцеларката Меркел и министерот Гутенберг изразија длабоко жалење поради овој трагичен настан.

8 војници на Бундесверот загинале во Авганистан годинава

Ова е досега трета посета на германската канцеларка на Авганистан. Првите две се случија во 2007 и 2009 година. Во нападите и судирите во земјата во текот на 2010 години загинаа осум германски војници, што е повеќе од кога и да е порано. Досега од почетокот на мисијата на Бундесверот во Авганистан загинаа вкупно 45 негови припадници. Во јануари наредната година германскиот парламент Бундестагот ќе одлучува за продолжувањето на мандатот на германските војници во Авганистан. Во моментов во таа земја се распоредени 4700 германски војници.

Автор: СН/ АТ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM