1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тажен биланс на Хјуман Рајтс Воч

Американската организација Хјуман Рајтс Воч побара од Европската унија повеќе да се ангажира околу почитувањето на човековите права. Веродостојноста на Соединетите Американски Држави поради одобрувањето на имачувањата и затворањето без никаква постапка е нарушена, изјави во Вашингтон директорот на орагнизацијата Кенет Рот. Во извештајот на повеќе од 500 страници, Хјуман Рајтс Воч посебно ги критикува К

„Не може да се проповеда она што не се практикува„. САД ја загубија водечката морална улога.

„Не може да се проповеда она што не се практикува„. САД ја загубија водечката морална улога.

ина, Русија и Египет.

Терминот беше точно избран: на петтата годишнина од постоењето на затворот Гвантанамо, директорот на Хјуман рајтс Воч се појави на прес-конференцијата во националниот клуб на новинарите во Вашингтон. Го претстави извештајот за состојбата со човековите права кој содржи тажна слика за прекршувањата во преку 70 држави. Рот за првпат и ја оспори водечката морална улога на Америка:

„Не може да се проповеда она што не се практикува. САД веќе не смеат да обвинуваат за измачувања, грабнувања или илегално држење затвореници. Сето тоа се повреди на човековите права што ги прават Американците„.

Нова надеж за борците за човекови права: Европската унија. 27 демократии што имаат моќ и влијание. Меѓутоа, билансот на организацијата и таму незадоволителен:

„Тажната вистина при погледот врз Унијата е дека и таа останува далеку зад можностите кога станува збор за човековите права„.

Молчење за постапките во Кина, половична реакција по масакрот врз цивилите во Узбекистан. Германската канцеларка Ангела Меркел, како претседавача на Унијата и претставник на моќна земја членка, сега има шанса да ја направи Европската унија во светски веродостоен адвокат за човековите права. Меѓутоа, најновата германско-руска криза за енергијата покажа кои се приоритетите на канцеларката. А, Владимир Путин е човек што го прошири влијанието на државата врз сите подрачја во Русија. Русија поддржува тирани и безобѕирно настапува против критичарите. Дали има отпор од страна на Европската унија:

„Германија во овој случај игра посебно беспомошна улога, зашто неа и’ е пред се до енергетска сигурност и застапува кусогледо гледиште дека тоа не може да се поврзе со човековите права„.

Хјуман Рајтс Воч пледира на поинаква акција. Само ако долгорочно се залага за демократски, стабилни односи во Русија и во другите источно-европски земји, ќе се обезбедат обете: одржлива енергетска и политика за чоековите права.

А, како е во светот? Ништо поразлично до годината пред тоа. Во Дарфур загинаа 200 илјади луѓе, два милиона се бездомници. Од Северна Кореја до Иран, од Ангола до Зимбабве. Насекаде прекршувањеа на човековите права. Биланс на Кенет Рот:

„Отако САД ја загубија водечката улога за прашањата на човековите права, сега светот плаќа висока цена за слабоста на Европа. Време е Европската унија да го промени тоа„.