1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ: Србија ја прифати независноста на Косово

Во интервју за хрватскиот политички неделник „Глобус“, поранешниот шеф на српската држава вели дека Србија немала намера да ја попречи независноста на Косово туку да ги определи законските рамки за неа.

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека Србија на еден начин ја прифатила реалноста на независно Косово и оти во текот на разговорите немала намера ја попречи независноста, туку сакала да ги определи законските рамки на таа независност.

Во интервјуто за хрватскиот магазин „Глобус“, Тадиќ истакнува дека Србија нема ни една институција или инструмент со кој би менаџирала каков било процес на Косово.

Лидерот на Демократската партија на Србија и до пред два месеца шеф на срската држава, Борис Тадиќ во истото интервју нагласи дека да бил на местото на Томислав Николиќ ќе одел во Вуковар и во Сребреница и ќе ја избришел од речникот идеата за „Голема Србија“.

„Јас очекувам Николиќ да ги земе превид интересите на српскиот народ, што ќе рече дека идеата за Голема Србија треба да исчезне од неговиот ум и речник“, рече Тадиќ.