1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ: Србија не посредува во спорот за името

Во интерес на Србија е Грција и Македонија да пронајдат решение за името што поскоро, изјави за весникот „Дневник“ српскиот претседател Борис Тадиќ, негирајќи ја информацијата дека посредува во решавањето на спорот.

default

Српскиот претседател Борис Тадиќ

„Би бил претенциозен да тврдам дека јас би можел да го решам тој проблем, како и да посредувам. Јас на тоа никогаш не претендирав. Тоа не е улогата на претседателот на Србија. Јас можам само да ја пренесам пораката во одредени околности, но тоа прашање во целост е во надлежност на македонската и грчката страна“, рече Тадиќ за „Дневник“.

Во врска со српско-македонските односи, Тадиќ рече дека во интерес на Србија е да се реши спорот меѓу српската и македонската црква. Тој додаде дека во повеќе наврати се обидувал тоа да се реши, на ниво на кое тој може.

„Јас сум само припадник на црквата, но во црквата не одлучувам“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека секогаш ги молел претставниците на црквата да пронајдат решение.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс

Редактор: Ж.Ацеска