1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тадиќ реагира на изјавата на Рајс

*

Српскиот претседател Борис Тадиќ синоќа во Њујорк предупреди дека изјавата на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс дека незавсноста на Косово е единствениот начин за стабилност во регионот, е контрапродуктивна. Преговарачката тројка мора да го поттикне преговарачкиот процес за да се дојде до компромис, изјави Тадиќ и додаде:

„Таквите изјави ја ставаат албанската страна во позиција на чекање. Доколку поттикнуваме еднострано решение преговорите ја губат вистинската шанса, а на некој начин се дестабилизира и комплексната ситуација во Србија„

Тадиќ изјави оти верува дека и ЕУ сака комрпомисно ртешение за Косово. Синоќа тој разговараше со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер кој ветил политичка воздржаност на Алијансата во натамошниот процес на утврдување на статусот на покраината.