1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ: Последна кандидатура за претседател на Србија

Актуелниот српски претседател Борис Тадиќ најави дека претстојните претседателски избори во Србија на 6. мај се последни на кои се кандидира за шеф на државата.

„Ова сосема сигурно е последен претседателски мандат за кој јас се кандидирам. Секако дека и по четврти пат не би се кандидирал за претседател на Србија, бидејќи сметам дека тоа не е соодветно, земајќи ги предвид политичкиот систем и политичката култура во која се наоѓаме“, изјави претседателот на српската Демократска партија Борис Тадиќ за Прва српска телевизија.

Тадиќ за првпат беше избран за претседател на Србија во 2004. година, а го привршува неговиот втор мандат на функцијата.

Претседателските избори ќе се одржат заедно со парламентарните и локалните на 6 мај. Кандидатура за претседател на Србија истакнаа 12 кандидати. Според последните анкети спроведени во земјата, Тадиќ води во анкетите со околу три проценти пред најсилниот предизвикувач - кандидатот на Српската прогресивна партија Томислав Николиќ.

Потоа според популарноста следуваат Ивица Дачиќ од коалиција околу Социјалистичката партија , лидерот на ДП на Србија Воислав Коштуница , лидерот на движењето Пресврт Чедомир Јовановиќ, кандидатот на Обединетите региони на Србија Зоран Станковиќ и кандидатката на Српската радикална партија, Јадранка Шешељ.