1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ: Не можат општините да го решаваат проблемот на Косово

Српскиот претседател Борис Тадиќ за време на престојот во манастирот Велики Дечани кај Пеќ, околу референдумот што треба да се одржи во неколку општини на Србите во северно Косово изјави дека „моментот е многу деликатен“

default

Борис Тадиќ и владиката Теодосије во Велики Дечани

Во интервју за телевизијата Мост, српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека референдумот во општините на северот на Ксово, најавен за средината на февруари, е „израз на потребите на граѓаните уште една да кажат дека не ги прифаќаат таканаречените косовски институции, но тоа може да ги доведе во прашање интересите на државата“. Според Тадиќ, „моментот е многу делкитане и може длесно да се направи грешка која подоцна нема да можеме да ја исправиме со години“.

„Нашиот маневарски простор на Косово е многу стеснет. Во тие околности сите институции и секоја општина, не само на северот на Косово, туку и во цела Србија мора да ја усогласуваат својата политика со онаа којашто ја водат

централните државни институции, задолжени да водат политика кон светот. Овој проблем не може да се реши на тоа ниво, не можат општините да го решат проблемот на Косово и Метохија“, рече Тадиќ.

Српскиот претседател повтори дека нема да ја признае незваисноста на Косово и истакна дека „мора да се најде решение кое ќе ги има превид не само нашите интереси, туку и албанските национални интереси“. Тадиќ е уверен дека тоа е можно.

Срспкиот претседател ги слави Бадник и Божик во манастирот Велики Дечани кај Пеќ. Тој истакна дека сака да „упати порака на мир до Србите и Албанците“. Доаѓањето на Тадиќ во манастирот вчеравечер доцнеше, поради протести на Албанци во Дечани поради неговото доаѓање.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: С. Недевски