1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ кандидат за премиер на Србија

Лидерот на српската Демократска партија Борис Тадиќ изјави дека е подговен да го преземе местото премиер, доколку коалициските партнери ги прифатат начелата, целите и планот за функционирање на новата влада.

Демократската партија на Србија го предложи досегашниот српски претседател Борис Тадиќ за мандатар за формирање нова влада на Србија. Лидерот на партијата Тадиќ изјави дека е подготвен да биде претседател на владата во Белград доколку коалиционите партнери ја прифатат неговата платформа, пред се’ борба против сиромаштијата, корупцијата и организираниот криминал. „Освен тоа, неопходно е да се продолжи борбата против организираниот криминал и корупцијата“, додаде тој.

Тадиќ истакна дека за формирање на влада ќе се договори со коалицијата Социјалистичка партија на Србија - Партија на обединетите пензионери - Единствена Србија (СПС-ПОПС-ЕС), а со кој уште ќе води разговори, како што кажа, ќе се договори со лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ. На прашањето дали Томислав Николиќ ќе ја поддржи неговата кандидатура за премиер, Тадиќ одговори дека тоа ќе се решава по преговорите со него и во согласност со Уставот и законите на земјата. Денеска во Белград се очекува средба на Николиќ и Тадиќ.

На парламентарните избори на 6 мај демократската коалиција на Тадиќ освои второ место со 67 мандати. На трето е блокот на Дачиќ со 44 места. Српската напредна партија на Томислав Николиќ има 73 мандати.