1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ и Николиќ - очи во очи пред изборот

Во Србија на полноќ почнува предизборниот молк пред вториот круг претседателски избори. Двајцата кандидати, Борис Тадиќ и Томислав Николиќ синоќа (16.05) ги соочија ставовите во телевизиски дуел.

Претседателскиот кандидат на Демократската партија, Борис Тадиќ, во телевизискиот дуел порача дека во случај на негова победа на изборите на 20. мај, нема да ја менува политиката „И Европа и Косово“, додека неговиот противкандидат од Српската напредна партија, Томислав Николиќ возврати дека тоа е промашена политика, повикувајќи ги избирачите во вториот круг од изборите да ја казнат Демократската партија поради лошите резултати.

„Нема да се откажам од политиката ’И Европа и Косово’“, рече Тадиќ, истакнувајќи дека се договорил со претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, идната влада на Србија да ја продолжи досегашната политика кон ЕУ и Косово.

Оваа политика ќе мора да ја следи секој кој ќе влезе во новата влада, истакна Тадиќ, рееагирајќи на тврдењето на Николиќ, дека ДП се подготвува да формира влада со Чедомир Јовановиќ од Либерално демократската партија, кој пак се залага за признавање на независноста на Косово и Република Српска јавно ја нарекува „геноцидна творба“.

Präsidentschaftswahlen in Serbien - Duell zwischen Tadic und Nikolic

Томислав Николиќ и Борис Тадиќ

Тадиќ го праша Николиќ дали се откажал од ЕУ по договорот за поддршка на изборите со претседателот на Демократската партија на Србија, Војислав Коштуница, чија програмска цел е откажување од приближувањето до ЕУ. Тадиќ за придобивка го смета укинувањето на визите за српските државјани за пат во ЕУ, што Николиќ го проследи со иронична забелешка-дека најчесто тоа е пат само во еден правец.

Николиќ тврди дека и за него приоритет е соработката со ЕУ, но и со другите земји во светот, а го критикува Тадиќ заради тоа што „во целост ја презел улогата на дипломатските претставништва на Србија“.

„Немаме ниедна амбасада во светот којашто функционира. Имаме шатл-дипломатија“, тврди Николиќ.

Зборувајќи за Косово, Николиќ истакна дека за Косово треба да се преговара, но го обвини Тадиќ за избегнување на одговорноста и немање желба за постигнување внатрешен консензус во Србија околу политиката кон Косово. Во вториот круг на претседателскте избори в недела, на 20. мај, учествуваат претседателскиот кандидат на коалицијата „Избор за подобар живот“, Борис Тадиќ, кој во првиот круг освои 25,31 проценти гласови, и кандидатот на коалицијата „Да ја придвижиме Србија“, Томислав Николиќ, кој ја доби поддршката од 25, 05 насто од гласачите.