1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тадиќ и вети целосна соработка на Дел Понте

*

Српскиот претседател Борис Тадиќ на средбата со главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте изјави дека државните органи прават се обвинетите да се фатат и предадат во Хаг. Тадиќ нагласил дека успешно завршување на соработката со Хаг им е приоритет. Претходно и премиерот на Србија Воислав Коштуница на состанокот со Дел Понте истакна дека е од интерес на Србија во најкраток временски рок да ја заврши соработката со судот и додаде дека за тоа постои јасна политичка волја и решеност. Дел Понте по посетата на Србија на 1 октомври треба на Европската унија да и достави извештај за соработката на Белград со Трибуналот. Српските медиуми јавуваат дека извештајот ќе биде позитивен.