1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тадиќ или Николиќ?

Србија денеска избира претседател на државата. Се бира меѓу Борист Тадиќ и Томислав Николиќ, двајцата кандидати кои во првиот круг освоија најголем број гласови.

Според анкетите пред изборите, за фаворит важи актуелниот претседател Борис Тадиќ. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека за него би гласале околу 58 проценти од избирачите, а за неговиот противкандидат Томислав Николиќ околу 42 проценти. Тадиќ, кандидат на коалицијата „Избор за подобар живот“ се кандидира за третиот и последен мандат. Николиќ, кој е кандидат на коалицијата „Да ја придвижиме Србија“, веќе загуби двапати против Тадиќ, на изборите во 2004 и 2008 година.

Во телевизискиот дуел во четвртокот (16.05), двајцата кандидати уште еднаш ги соочија ставовите за актуелните проблеми на државата. Претседателскиот кандидат на Демократската партија, Борис Тадиќ, порача дека во случај на негова победа на изборите, нема да ја менува политиката „И Европа и Косово“, додека неговиот противкандидат од Српската напредна партија, Томислав Николиќ возврати дека тоа е промашена политика, повикувајќи ги избирачите во вториот круг од изборите да ја казнат Демократската партија поради лошите резултати. Николиќ тврди дека и за него приоритет е соработката со ЕУ, но и со другите земји во светот.

Изборните места денеска (20.05) се отворени во седум часот и се гласа до 20 часот, а гласањето го набљудуваат околу 1500 домашни и меѓународни набљудувачи. Мандатот на претседателот трае пет години.