1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тага по крвопролевањето во Квета

По нападот на југозападот на Пакистан бројот на жртвите постојано се зголемува. Жртвите од експлозијата на пазарот во едно предградие на Квета се претежно шиити.

По нападот во Квета, многу луѓе во текот на ноќта им подлегнаа на тешките повреди. Бројот на жртвите во меѓувреме се искачи на 81, објави портпаролот на полицијата Фајаз Саумбал. Уште 160 лица се повредени при атентатот, некои од нив се’ уште се во животна опасност.

Bombenanschlag in Quetta Pakistan

Бомбашки напад во Квета

Експлозијата се случи на пазар во предградие на пакистанскиот град Квета претежно населено со шиити, информираше висок по ранг истражител. Ова е еден од најтешките напади врз ова малцинство во поскорешното минато. Бомбата била складирана во воден резервоар, кој со трактор бил довезен на пазарот, изјави шефот на полицијата на Квета Зубаир Махмод. Од експлозијата се урнаа повеќе објекти и многумина од жртвите се наоѓаа под урнатините.

Сунитски екстремисти?

Гневните членови на малцинството Шиа протесистараа и блокираа улици со запалени гуми. Се’ уште не се знае кој е одговорен за нападот, изјави Махмод. Локалните медиуми меѓутоа известија дека сунитската екстремистичка група Лашкер-е-Јангви преку телефонски повик ја презела одговорноста за бомбата.

Квета е главен град на провинцијата Балуџистан. Шиитското малцинство таму изминативе месеци постојано беше цел на напади. Изминатата година, според податоци на организацијата за човекови праправа Хјуман Рајтс Воч во Пакистан, се убиени повеќе од 400 шиити, 125 од нив во Балуџистан.