1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

СЈО поднесе обвиненија и бара притвор за водечки политичари

Обвинителката Катица Јанева најави дека очекува сите обвиненија да се процесуираат во итна постапка и притоа ќе се бара притвор за поголемиот дел од обвинетите.

Специјалното јавно обвинителство поднесе обвиненија против 94 физички и 7 правни лица за серија кривични дела откриени во прислушуваните разговори, соопшти првиот човек на СЈО Катица Јанева на денешната прес-конференција.
Јанева очекува сите предмети да бидат преземени од судовите во итна постапка и да почнат да одлучуваат во рок од 24 часа. За поголемиот дел од обвинетите, СЈО ќе бара мерка притвор, а меѓу нив има и претседател на политичка партија, но и други високи, актуелни и поранешни, функционери.

Вкупно се поднесени 17 обвинителни акти, и, имајќи предвид дека три случаи веќе од претходно се процесираат, бројката на вкупно поднесени обвиненија е 20.

Од досега најавените истраги не е поднесено обвинение за случаите „Талир“ и „Табла“, додека „Таргет“ и „Тврдина“ се споени во едно.

. Јанева рече дека за првиот случај немало доволно време да се заврши истрагата. „Некој водел незаконска кампања 8 години и не може за 1 месец да се истражат сите сомнежи“, рече Јанева алудирајќи на „Талир“.

Гледај видео 03:46

Јанева за ДВ: ВМРО-ДПМНЕ владеело со криминал и уцени

Што се однесува до „Табла“, тој и натаму се работи и е проширен со други лица- високи функционери.

Јанева рече дека „засега“ нема обвиненија за високи функционери на ДУИ.

Во однос на преземањето на надлежноста за случајот „Монструм“, обвинителката го обвини Советот на Јавни обвинители за „несоработка“ поради што не можел да биде извршен увид во предметот и да се утврди дали е СЈО надлежен за него.

Јанева соопшти дека на СЈО му останале уште 55 проценти непреслушани разговори од оние кои беа добиени од СДСМ, а од преслушаните не се сите анализирани.

Коментирајќи го завршувањето на рокот за работа на СЈО, Јанева изрази надеж дека ќе се најде законски начин за продолжување на неговиот мандат.

„Ја уверувам јавноста дека денешниот ден не менува ништо во фактот што ова Јавно обвинителство како професионална и независна институција ќе продолжи преку независни и темелни истраги во соодветни законски постапки да остварува обезбедување на правдата“, рече Јанева.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема