1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сѐ подебели - суптилните методи на индустријата за храна

Колку рекламите за храна чија целна група се децата придонесуваат за зголемување на бројот на дебели деца? Експертите предупредуваат дека од 80-тите години на минатиот век бројот на дебели деца е двојно зголемен.

Кога Лена, Маја и Лине би смееле, би купиле сѐ што е шарено и има насликано фигури. Деца како нив се омилена целна група на индустријата за прехранбени производи и специјално се работи за нејзино привлекување.

Производителите ги намамуваат децата со фигури од цртани филмови. На пример, прашокот за мафини на Др. Еткер - за момчињата пирати, за девојчињата принцеза.

На прашањето: „Би го купила ли ова ако на него ја нема Лилифе?“, Чена одговара јасно: „Не! Зашто нема фигура. Тогаш не е фер.“

Станува збор за пазар од милијарди евра. Анке Маркварт од организацијата Фудвоч, објаснува: „Три четвртини од прехранбените призводи за деца на германскиот пазар се нездрави, неизбалансирани - грицки, пијалоци, брза храна... За индустријата за храна целна група за ваквите производи очигледно се децата, зашто така може да постигне многу висока маржа.“

Од 80-тите години на минатиот век бројот на дебели деца е двојно зголемен. Економскиот експерт Тобијас Еферц утврди дека тоа е поврзано и со засилениот маркетинг чија целна група се децата. Нив ги привлекуваат пред сѐ со игри и играчки.

Symbolbild übergewichtiges Kind

Бројот на дебели деца се зголемува, рекламирањето нездрава храна продолжува

Тобијас Еферц, економски експерт од универзитетот Хамбург, вели: „Во споредба со изминатите години, може речиси да се каже - за жал тука има пораст, можеби и затоа што тоа во моментов веќе не е толку под лупа на јавноста. Минатата година беше многу видливо интересирањето и од страна на политиката. Во меѓувреме интересирањето попушти, и се чини дека претпријатијата тоа го користат.“

Децата сѐ повеќе време минуваат на интернет, па производителите се обидуваат и таму да ги придобијат. На пример, чипсот со мечиња Пом Бер. Тука има цел интернет-свет со рекламни спотови и интерактивни игри. Децата можат да ги облекуваат своите аватари. За таа цел им се потребни талири кои ги заработуваат со тоа што купуваат чипс или други производи.

Лена и Маја се фасцинирани од светот на Паула. Паула е пудинг на Др. Еткер. Тука, на пример, можат да декорираат сопствена забава.

Реклами за слатки, солени или масни производи и тоа упатени кон децата? Се обративме до индустријата за прехранбени производи. Интерснек, производителот на Пом-Бер, укажа дека не прекршува ниту еден закон. А Др. Еткер соопшти дека многу сериозно ја сфаќа својата одговорност кон децата.

Одговорно рекламирање? Лекарот Мартин Вабиш се сомнева во тоа. Специјалистот за исхрана постојано бара построги правила: „Рекламирањето влијае врз децата, го определува нивното несвесно однесување. Тие во нашата земја не се заштитени од вакво влијание. Како лекар за деца и млади во тоа гледам голем проблем и потреба да се преземе нешто.“

Но, претпријатијата наоѓаат постојано нови патишта до своите мали муштерии, продираат во сфери кои порано биле заштитени - училиштата, детските градинки, спортските клубови; не само преку интернет. Ова се рекламни брошури кои им се нудат на основните училишта и градинките.

„Со овие материјали, некогаш многу суптилно, некогаш многу упадливо се шират заблуди за исхраната. На пример, се вели дека Капри-Зоне е пијалок кој содржи многу витамини. Од тоа децата заклучуваат - ова е добар пијалок за мене, а тоа е вода со шеќер“, нагласува Анке Маркварт.

Капри-Зоне во меѓувреме ја повлече брошурата, но другите производители не. Прехранбената индустрија тврди дека тоа што сѐ повеќе деца се со прекумерна тежина не се должи на неодмерена исхрана, туку пред се‘ на недоволно движење. Тоа производителите постојано го нагласуваат, на пример, на страницата на Марс „клевер нашен“ (умно грицкање) или на интернет страниците на Фереро.

Kinder Fettleibigkeit Turnhalle

Децата не можат да толку да спортуваат колку што добиваат калории од слатката и масна храна

Интерснек со години се залага за тоа, со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, кој рекламира чипс. Роланд Штрезе, раководител на Интерснек, објаснува:

„Фит со топка е иницијатива на фирмата Интерснек. Ние сакаме да ги поттикнеме децата да се движат, затоа што сме убедени дека здравиот начин на живот е важен во нивното воспитување.“

Економскиот експерт Тобијас Еферц меѓутоа потенцира: „Аргументот дека со спорт може да се дејствува против дебелеење е точен, но децата или младите не можат толку многу да спортуваат, за со тоа да го компензираат она што се случува со исхраната.“

Критичарите бараат нови закони, дури и забрана за маркетинг чија целна група се децата. Но, политиката и натаму полага врз доброволно самобврзување на индустријата.