1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сценарија за можен банкрот на Грција

Германското министерство за финансии, според информации на неделникот „Шпигел“, подготвува сценарија за случај на државен банкрот на Грција.

default

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле

Според „добро информираните кругови“, на кои се повикува германски неделник „Шпигел“, соработници на министерството за финансии во Берлин подготвуваат повеќе опции доколку Грција сепак биде принудена да прогласи банкрот. Во министерството не се исклучува ни можноста Грција комплетно да ја напушти еврозоната и да ја воведе повторно драхмата. 

Peer Steinbrück Aufsichtsrat Deutschland Politik

Поранешниот министер за финансии, Пеер Штајнбрик

Поранешниот министер за финансии Пеер Штајнбрик, напротив, смета дека Германија мора да гарантира за долговите на другите земји членки на ЕУ. Тој смета дека Германија нема друга алтернатива, освен да плаќа и натаму. Притоа, тие пари не се промашена, туку добра инвестиција, нагласува Штајнбрик, бидејќи тие се вложени во иднината на Европа. На германските граѓани треба да им објасниме колку профитираат од интеграцијата на Европа, порачува поранешниот министер за финансии во интервју за неделникот „Шпигел“.

Папандреу со драматичен апел

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, во меѓувреме, ги предупреди сонародниците да не си дозволат да попуштат во реформските напори и штедењето. Само „стриктното спроведување на преземените обврски“ може да ја спаси земјата, се’ друго може да претставува голема опасност, како за Грција, така и за сите нејзини граѓани, нагласи Папандреу во говор во Солун.

EU Griechenland Finanzkrise Gipfel in Brüssel Ministerpräsident George Papandreou

Грчкиот премиер, Јоргос Папандреу

Тој јасно стави на знаење дека ќе се бори и понатаму со сите сили за останување на земјата во еврозоната.

Во Солун се собраа околу 20.000 демонстранти за да протестираат против говорот на премиерот Папандреу. Полицијата мораше да употреби дури солзавец против младите демонстранти кои кршеа излози. Во безредијата се уапсени преку 100 лица, соопшти грчката полиција.

На удар и француските банки

Најголемите француски банки се подготвуваат за можното намалување на кредитниот рејтинг на земјата. Според информациите на агенцијата Ројтерс, водечките банки во земјата очекуваат скорешно намалување, што ќе дојде од рејтинг агенцијата „Мудис“. Официјални пртставници на трите најголеми банки во Франција и рејтинг агенцијата не сакаа да ги коменитраат овие информации. Меѓутоа, таа уште во јуни јавно се закани со намалување на францускиот рејтинг поради големиот ангажман во спасувањето на Грција со купување државни обврзници.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска