1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Су Ќи реизбрана за лидер на партијата

Носителката на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Ќи повторно е избрана за лидер на опозициската партија во Мјанмар, Национална лига за демократија.

На првиот конгрес во историјата на Националната лига за демократија (НЛД), повеќе од 800 делегати ја реизбраа Аунг Сан Су Ќи на претседателската функција на партијата. НЛД уште од самото нејзино формирање во 1988 година беше изложена на жесток притисок и прогон од страна на владејачката воена хунта во Мјанмар. 67-годишната Аунг Сан Су Ќи за време на владеењето на војската во Мјанмар помина повеќе од 15 години во домашен притвор.

Инаку, тридневниот  конгрес на НЛД, се одржува во главниот град на Мјанмар, Јангон, трае три дена и на него учествуваат  партиски членови од 260 места ширум земјата. На него, покрај изборот на партиското раководство, се определуваат идните политики и програми на партијата. Конгресот е посветен на политичките реформи и процесот на помирување, откако во 2011 година на власт дојде претседателот Тејн Сејн по 50 години воена диктатура во земјата.

Во 2015 година во Мјанмар треба да се одржат слободни избори. Претседателот Тејн Сејн порача дека доколку Су Ќи победи на овие избори би можела да биде и шеф на државата.