1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Суштински или козметички промени во ВМРО-ДПМНЕ?

Новиот бран ќе ја освежи партијата, а за да има полза и државата потребна е промена и на повисо ниво, сметаат аналитичарите. Во ВМРО ДПМНЕ тврдат дека ова не е вовед во реконструкција на владиниот кабинет

default

Дали новиот бран во ВМРО ДПМНЕ ќе предизвика само козметички корекции или пак станува збор за цунами што ќе ја размрда владеачката партија и државата истовремено. Дојче Веле побара мислење од високи партиски функционери во ВМРО ДМПНЕ и независни политички аналитичари. Директорот на центарот за комуникации Илија Димовски тврди дека нема недопирливи.

„Оваа анализа се однесува на овие ешалони. Но во ВМРО ДПМНЕ досега многу јасно докажавме дека никому не му е гарантирана ниту една функција. Во последниве неколку години неколку пати се случуваат промени на највисоко ниво. Во министерскиот кадар, заменици министри, пратеничката група е во 90 проценти заменета на парламентарните избори“, вели Димовски.

Кекеновски: Треба да се менуваат и министри

Според универзитетскиот професор Јове Кекеновски ефектите од новиот бран

Wahlen Mazedonien

ќе бидат позитивни. Промените се добредојдени во секој тим, смета Кекеновски, и сугерира тие да не завршат на вториот и третиот ешалон туку да го освежат и владиниот кабинет.

„Реформата ќе биде посуштинска ако се смени и некој од првиот ешалон, подолго време укажуваме дека во одредени ресори работата не оди како што треба. Добро е што премиерот се одлучи да направи вакви промени кои се надевам дека нема да бидат козметички, туку суштински“, изјави Кекеновски.

Мисев: По кој критериум се менуваат функционерите?

Владимир Мисев од Институтот за демократија не очекува промена на политиките на владеачката партија. Според него новиот бран е искористување на персоналниот потенцијал на партијата што ќе има позитивни ефекти за ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе биде од полза за државата?

„Зависи по кој основ се прави таа селекција. Затоа што еднаш кога тие луѓе се избрани за носители на јавни функции тие веќе не се повеќе луѓе на партијата

Vladimir Misev

Владимир Мисев

туку се наши луѓе кои ги плаќаме со нашите пари. Токму затоа мене ме интересира по која методологија се вршело тоа истражување за нивниот ангажман, по кој критериум се врши промената на тие функции. Ваквата пракса е добра, но треба да има евалуција на работата, со померодавни индикатори, а не по заслуги за партијата, колку направиле или не направиле“.

Од неофицијалните информации што се објавени досега фотељите ќе ги загубат директори на јавни енергетски компании и здравствени установи, комунални претпријатија, фондови, бироа и институции. Првите позвучни имиња кои си заминуваат се Чедомир Кралевски од Антимонополската управа, Влатко Чинговски од државните електрани ЕЛЕМ, Наташа Волкановска од Агенцијата за државни патишта и Никола Димитриевски од Агенцијата за железнички сообраќај. Во владачката партија тврдат дека засега не е предвидена реконструкција на министерскиот кабинет.