1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сушата во Африка носи детски животи

Денеска во Рим под покровителство на ОН се одржува кризна средба, на која се разгледуваат можностите за помош на околу дванаесет милиони прегладнети лица во источниот дел на Африка.

default

Едно дете умира на секои шест минути, истакна вчера (24.07.) директорката на Програмата за исхрана на ОН, Џосет Ширан пред новинарите во Најроби. Мајки ги оставаат децата среде пат, бидејќи и самите се премногу слаби за да ги носат кон бегалските кампови, додава Ширан. Затоа ОН планираат за неколку дена да почнат со доставување помош за Сомалија преку воздушен пат. Во седиштето на Програмата за исхрана во Рим веќе течат подготовките, кои не се одвиваат без проблеми. Франсис Кенеди од бирото во Рим истакнува:

„Епицентарот на кризата е Сомалија. Особено не загрижуваат два региони во југот на Сомалија, а тоа се токму регионите, до кои немаме пристап.“

Тоа е една од причините за катастрофалните размери од недостатокот на прехранбени производи - долгорочниот конфликт во Сомалија. Иламистичката милиција Шебаб не дозволува пристап до одредени делови во земјата и тврди дека информациите на ОН за суша и глад во нив се целосно погрешни.

Мисијата на Програмата за исхрана ќе биде насочена пред се` кон децата.

„Прехранбените производи содржат се` што му е потребно на детето, за да го вратиме од работ на смртта. Тие ќе бидат разделувани и во бегалските кампови во Кенија и Етиопија. Многу деца умреа на патот до тие кампови, а оние кои стигнаа се наоѓаат во многу тешка состојба. Потребна им е заштита и специјална исхрана.“

Flash-Galerie Dürre ohne Ende Somalische Flüchtlinge strömen wegen Dürre nach Äthiopien

Голем број деца не стигнуваат до бегалските кампови

Ситуацијата ќе се влошува

Франсис Кенеди таквата исхрана ја нарекува „супер-фуд“, односно висококалорична храна. Додека на возрасните им се доволни кекси, богати со белковини и витамини, на децата им е потребно повеќе од тоа:

„Станува збор за паста на база од кикирики и леблебија, збогатена со витамини. Таа содржи многу калории и има многу висока прехранбена вредност. Добро е спакувана, што значи не постојат проблеми околу нејзиното приготвување, или, пак, опасност од нејзино загадување при транспортот. Со таква исхрана навистина може да кренете некого на нозе во рок од неколку недели.“

ОН ќе треба да снабдат 11 милиони лица со прехранбени производи, бидејќи се предвидува дека до крајот на годината состојбата уште повеќе ќе се влоши. Поради сушата во Африка, посевите не успејаа. Во моментов Програмата за исхрана може да им достави помош само на 1,5 милиони изнемоштени.

Автор: Штефан Трендле/Трајче Тосев

Редактор: Горан Чутаноски