1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Суспендирана мисијата на ОН во Сирија

ОН ја суспендираа набљудувачката мисија во Сирија, со која се набљудуваше спроведувањето на примирјето од 12-ти април, кое реално воопшто и не се примени.

Норвешкиот генереал мајор Роберд Мод, кој е шеф на мисијата, објави дека таа е суспендирана. Според него, причина за тоа е интензивираното насилство во минатите десетина дена, ризикот за набљудувачите и недостатокот од волја кај страните во конфликтот да најдат мирно решение.

„Набљудувачите повеќе нема да спроведуваат патроли и ќе останат во своите локации до следната наредба“, рече генералот Роберт Мод. Тој додаде дека зголемувањето на насилството ги спречувало 300-те невооружени набљудувачи од ОН да го спроведат својот мандат за обсервација на спроведувањето на договорот за примирје, кој не успеа да го запре насилството.

Unruhen in Syrien UN-Beobachtermission

Зголемувањето на насилствата и ризикот за набљудувачите ја суспендира мисијата на ОН

„Оваа суспензија ќе се преиспитува на дневна основа. Операциите ќе се обноват кога ќе видиме дека ситуацијата ни одговара за спроведување на доделените активности“, рече Мод.

Стотици луѓе, вклучувајќи и цивили, бунтовници и владини сили, беа убиени во минатите два месеци, откако договорот за примирје на медијаторот Кофи Анан требаше да стапи на сила. Минатата недела беше пукано и на автомобил со набљудувачи од ОН, откако беа отстранети од градот Хафех од гневните поддржувачи на Асад, кои фрлале камења и метални прачки кон конвојот.