1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Супер - тајфунот „Хаијан“ на Филипини ги зеде првите жртви

Најголемиот тајфун кој ги зафатил Филипините во последните децении удри со голема сила на брегот на островската држава на околу 600 километри југоисточно од Манила. Се стравува од огромни штети.

„Хаијан“ ги зеде првите жртви и остави без покрив над главата околу половина милион Филипинци, соопшти Службата за справување со катастрофи на земјата. Досега е јавено за тројца загинати како последица од удар на електрична енергија и од гром. Поради тајфунот „Хаијан“, кој е најсилното невреме оваа година во Источна Азија, над 125.000 лица на Филипините беа принудени да ги напуштат своите домови и да заминат во повеќе од 100 засолништа. Тајфунот се движи со брзина од 250 километри на час, јавуваат метеоролошките служби.

Во 22 филипински провинции е откажана наставата во училиштата и прекинат воздушниот и поморскиот сообраќај. Тајфунот досега ги погоди централните острови Самар и Леите, предивикувајли прекин на електричната енергија.

Ветерот, кој во жаришето на тајфунот достига јачина до 76,4 метри во секунда, откорна повеќе дрва, поради што на некои патни правци дојде до прекин во сообраќајот.

Филипинскиот претседател Бенињо Аквино во телевизиско обраќање го повика населението да ја задржи присебноста и да не се создава паника, посебно при купувањето на залихи од прехранбени производи и напуштањето на домовите. Државата ќе ги преземе сите потребни мерки, а последиците на невремето ќе бидат помали ако ние меѓусебно се помагаме, истакна претседателот.

Тајфунот се движи кон северозапад. Се очекува по Филипини тој да се насочи кон Виетнам и Лаос.