1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Супер-обврзници“ како лек против кризата

Деветмина економски експерти од Европа сметаат дека еврото може да се спаси со нова генерација државни обврзници. Тие се убедени дека со тоа ќе се прекине ѓаволскиот круг од буџетски и банкарски кризи.

default

Каде е излезот?

Концептот звучи речиси премногу убаво за да биде вистинит - нова институција, Европска управа за долгови (ЕДА), би требало да купи голем дел од обврзниците на сите евро-земји и да ги „препакува“. Ова го предлагаат деветмина водечки економски експерти во Европа кои се залагаат за нови „супер-обврзници“. Меѓу нив е и Германецот Маркус Брунермајер, професор по економија на американскиот универзитет Принстон, како и Гркот Димитри Вианос, професор по финансии на Скул оф економикс во Лондон.

И Давид Тесмар од ХЕЦ Бизнис скул од Париз е дел од оваа група. Тој нагласува дека „супер-обврзниците“ нема за последица да имаат ново задолжување:

„Не се работи за тоа да се трупаат нови долгови, туку сакаме да развиеме постапка за реструктуирање на денешните долгови. Тоа е сосема едноставно - се купуваат старите долгови од различни евро-држави до определен процент од

Symbolbild Eurobonds

бруто домашниот производ и тие пари се ставаат во заеднички фонд. Тој фонд потоа издава нови обврзници, таканаречени ’европски безбедни обврзници’. Тие ќе бидат сигурни и атрактивни за инвеститорите, затоа што одговараат на просечниот ризик во еврозоната.“

Што е разликата меѓу супер-обврзниците и еврообврзниците?

Разликата меѓу ваквите обврзници и еврообврзниците за кои сега се дискутира наголемо е што супер-обврзниците нема да ги покриваат долговите на сите евро-држави целосно и со тоа нема да има воопштување на сите каматни ризици. Наместо тоа, економистите сакаат различните економии да бидат и различно третирани - покрај многу безбедните обврзници, Европската управа за долгови (ЕДА) би требало да издава и поризични обврзници со високи камати, таканаречени „јуниор-обврзници“ во кои ќе бидат „спакувани“ сите можни ризици на визокозадолжените земји:

„Новите инвеститори ќе носат одреден ризик, но тој ќе биде јасно видлив. Во случај на реструктуирање на долгот на Грција, на пример, новата постапка може да значи две работи: дел од грчките долгови кои се сосема исплатени да се

Probleme auf Papier

Проблемите може да се решат со супер-обврзниците, убедени се деветтемина експерти

категоризираат во ’европските безбедни обврзници’, додека долговите кои се се‘ уште отворени да се категоризираат во ризичните ’јуниор-обврзници’. Со други зборови, инвеститорите кои веќе инвестирале во грчки обврзници и во ваков случај ќе мора да се откажат од дел од своите пари“, објаснува францускиот економски експерт.

ММФ е заинтересиран за предлогот

Економистите од самонаречената „Еуро-Номикс-Група“ сакаат да се прекине ѓаволскиот круг од буџетски и банкарски кризи, кој според нив, е одговорен за денешната економска мизерија. Едноставно кажано - правењето долгови треба да стане помалку атрактивно. Својот модел економистите му го презентираа веќе на Меѓународниот монетарен фонд. Професор Тесмар објаснува дека експертите на ММФ покажале интерес и ќе ги простудираат предлозите на „Еуро-Номикс-Групата“.

Автор: Јанис Пападимитриу / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска