1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Супер-ножици од северот на Германија

Само мал дел од милиметарот е одлучувачки дали едни ножици ќе сечат прецизно. Тие мораат да бидат остри и како путер да се лизгаат низ хартијата или, пак, ткаенината.

За производството на едни ножици во фабриката Паул се потребни повеќе од 60 различни чекори. Сечилата доаѓаат од добавувачи - тука, во работилницата, тие ја добиваат конечната обработка.

Себастијан Фосман е шефот. Пред година и половина тој ја купи фирмата. Поранешниот консултант за претприемништво беше фасциниран од страна на традиционалното производство.

„Потребно е да се развие чувство за тоа, бидејќи ако се отрстани премногу, што може да се види овде, тогаш има шпицаст врв и можете да се повредите ако вака ги земете ножиците в рака. И, тука станува збор за, како што реков, рачна изработка и за чувството дали да се отстрани повеќе и од око да се контролира дали тоа одговара или, пак, не одговара. Тоа не смее да биде премногу, но мора да се постигне вистинското место“, вели Себастијан Фосман, извршен директор на фабриката Паул.

Деталите ја прават разликата меѓу ножиците од производствена лента и оние кои овде се рачно изработени. Тука е содржано целото искуство на вработените, кои производот за секојдневна употреба го претвораат во уникат.

„Вака се поврзува завртката и изгледа навистина супер... Ќе го оставиме ова вака“, му зборува Фосман на еден од работниците, по што ги покажува новите ножици.

18.09.2012 DW MADE IN GERMANY HM Scheren 1

Себастијан Фосман, извршен директор на фабриката Паул

„Ова е нов модел на кројачките ножици. Со нив сакаме да имаме нешто малку поробусно за полупрофесионалната област. Тие се разликуваат по тоа што сечилата се појаки. Тие се и малку пократки, но се релативно високи. Тоа значи дека со нив можат да се сечат релативно јаки материјали“, вели Себастијан Фосман, извршениот директор на фабриката Паул.

Повеќе од 50 различни видови на ножици се произведуваат во фабриката. Како овие ножици за режење цвеќе. Најдобро продаван модел се класичните кујнски ножици. Во иднина марката Паул треба да стане попозната. Логото се гравира на секој пар ножици. Секој ден се произведуваат околу 10.000 ножици. Тие чинат меѓу 15 и 80 евра. Многу муштерии се подготвени да дадат толку пари.

„Јас верувам во ножиците со висок квалитет од Германија. Конкуренцијата од Азија ќе станува уште поголема. Јас верувам дека ние тука имаме секогаш пазар“, вели Фосман.

И на самиот крај сите ножици поединечно се тестираат. Се разбира, со рака.