1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Супер Марио“ се сели во Фиренца

Германскиот репрезентативен напаѓач и доскорешен играч на актуелниот германски и европски првак е првата „жртва“ на новиот систем на тренерот Гвардиола. Гомез е продаден во Фиорентина.

Новиот играч на Фиорентина, Марио Гомез, за својот поранешен клуб вели дека во моментов е најдобар на светот.

„Измешани ми се емоциите поради тоа што го напуштам најсилниот тим на светот и не можам да ја сокријам носталгијата. Но, пресудно што си одам од Бајерн е тоа што го сакам фудбалот и сакам да добивам поголема минутажа, едноставно сакам повеќе да играм. Фиорентина има големи амбиции, играат фантастичен фудбал и со нетрпение чекам да започне новата сезона“, изјави Гомез.

За неговиот трансфер италијанскиот клуб од Фиренца плати 16 милиони евра. 27-годишниот Германец сениорската кариера ја започна во Штутгарт од каде замина за Бајерн Минхен, клуб за кој во 115 одиграни натпревари постигнал 75

Henrich Mchitarjan und Robert Lewandowski

Хенрик Михтарјан и Роберт Левандовски во дуел од минатата сезона

голови.

Во преодниот рок, Бајерн веќе се засили со Марио Геце од Борусија Дортмунд, а на пат од тој клуб кон Минхен е и новата „9“ на баварците - Роберт Левандовски.

Во обид да му парира на Бајерн и во новата сезона, Борусија досега доведе неколку засилувања. Најзвучното и најскапото беше реализирано вчера (08.07), откако беше потврден трансферот на Хенрик Михтарјан од екипата на украинскиот Шахтјор, за рекордни 25 милиони евра.