1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Супер квалитетни плетени корпи за плажа

Едни од најдобрите плетени корпи за плажа се произведуваат во Германија. Изумот кој Германците го обожаваат чини неколку стотини евра, зависно од тоа со што се‘ е „накитен“.

default

Гратчето Мелн се наоѓа во северна Германија. Сместено е меѓу многу мали езера и нема многу индустрија. Но, затоа има раритет - тука работи еден од малкуте производители на плетени корпи за плажа во Германија. Тука е семејното претпријатие Егерс.

„Овде се прави крајната монтажа на корпите и тапацирањето. Се вршат последните зафати и корпите потоа одат во дистрибуција“, објаснува Ларс Егерс, јуниор шеф на фирмата.

Егерс произведува околу 4.000 корпи за плажа годишно. Тие се произведуваат од бор, од сибирска смрека или бреза. Единствени средства со кои се работи се електричниот шрафцигер, пиштол за набивање шајки и елетрична пила - голем дел од работата е рачна.

Пензионираниот шеф се‘ уште работи секој ден. Петер Егерс е се‘ уште динамичен:

„Не сакам само да седам, тоа е здодевно. Подобро е да се работи, но не мора да стојам овде цели осум часа“.

И составувањето на корпите се прави рачно. 30-те вработени имаат полни раце работа. Најдоцна до почетокот на летниот распуст сите налози треба да бидат реализирани. Потоа фирмите кои изнајмуваат корпи за плажа се на ред да заработат.

Секоја корпа се фарба и лакира во корито. Најтешката работа ја имаат плетачите на корпи. Секој плете по околу илјада метри материјал во една смена, или околу три корпи за осум часа работно време.

„Денес за тоа не постојат машини, никогаш нема ни да ги има, зашто едноставно има многу заоблени места, многу агли, многу рабови...“, вели Ларс Егерс.

Работа која остава траги на прстите. Јуниор шефот е горд на вработените:

„Кај нас брзината не е магија. Постои едно мало книвче каде се наведени нормите, но жените кај нас од тоа немаат потреба. Тие се толку фит, што во меѓувреме се‘ знаат напамет“.

Flash-Galerie Rote Strandkörbe unter bewölktem Himmel

И покрај климата која владее на германското крајбрежје, со ветер и дожд, една корпа за плажа издржува во просек по околу десет години.

Основен модел чини околу 600 евра. Притоа, муштеријата може да избира и нарача многу екстра нешта, како подебел тапацир. Но, екстра работите брзо ја качуваат цената.

Корпите за плажа се германски феномен. Само три проценти од производството е за извоз.

„Се случува да има контејнер за Австралија или Америка, но тоа е ретко и често се тоа луѓе кои имаат германски корени и тоа сакаат да им го покажат на луѓето во странство“.

Корпи за плажа - германски изум, кој веројатно и во иднина најмногу фанови ќе има во Германија. Побарувачката се зголемува од година во година. За нови зделки фирмата Егерс не мора да се грижи.