1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Супер дерби: Реал Мадрид - Баерн Минхен

Вечер се играат преостанатите четири натпревари од европската лига на шампионите. Секако, најмногу внимание привлекува дуелот во Мадрид меѓу Реал и Баерн. Првиот натпревар во Минхен пред две недели заврши нерешено 1 спрема 1, иако Баерн го надигра супер- фаворитот за по несреќната интервенција на голманот Оливер Кан гостите да извлечат поволен резултат за реваншот. Досегашните гостувања на Баерн во Мадрид покажуваат слика на провоцирања, црвени картони, автоглови, но и звездени мигови на фудбалот. Во седумте натпревари на мадридскиот Сан Бернабеу, Баерн доживеал 4 порази, двапати бил победник, а само еднаш овие екипи играле нерешно. Се вели дека сите произвеле незаборавни сцени и приказни. "Во Мадрид секогаш натпреварите беа фудбалски празници", се потсетува голманот Оливер Кан кому ова ќе му биде петта средба на Бернабеу - стадионот. Тренерот на германската екипа Отмар Хицфелд предвидува агресивна атмосфера, но не и скандалозна игра:"Не верувам дека тоа ќе биде војна што ќе се искривоколчи".
Инаку, во синоќешните осминафинални натпревари беа постигнати следниве резулати: Челзи - Штутгарт 0 спрема 0, натаму оди Челзи; Јувентус - Депортиво ла Коруња 0 спрема 1, Шпанците се четвртфиналисти: Манчестер Јунајтед - Порто 1 спрема 2, Португалците ги продолжуваат натпреварите и, Олимпик Лион - Сан Себастијан 1 спрема 0. Пласманот на Французите е нивниот досега најголем успех во лигата на европските шампиони. Вечер, освен Реал и Баерн играат уште Милано - Спарта од Прага, лондонски Арсенал против Селта Виго и Монако против Локомотива од Москва. Почетниот удар на сите е во 20 часот и 45 минути по средноевропско време.