1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Супер вторник“ одлучувачки за републиканскиот противник на Обама

Републиканците во десет американски сојузни држави денеска (06.03) се изјаснуваат за свој претседателски кандидат, кој ќе му се спротивстави на ноемвриските избори на Барак Обама. Фаворит на „Супер вторник“ е Мит Ромни.

Републиканците од сојузните држави како Џорџија на југот, индустриската земја на средниот запад – Охајо или, пак, Алјаска денеска гласаат за својот фаворит за следен американски претседател. Прва со гласање, во 11 часот по средноевропско време, започнува Вирџинија, а последните гласови ќе се даваат во Алјаска, каде гласањето завршува во среда во пет часот наутро по средноевропско време. Се гласа и во Ајдахо, Масачусетс, Северна Дакота, Оклахома, Тенеси и Вермонд.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни се надева дека на „Супер вторникот“ ќе ја заостри лидерската позиција меѓу фаворитите на републиканците. Но, тој мора да се соочи со тројца други кандидати – Рик Санторум, Њут Гингрич и Рон Пол, кои се надеваат дека ќе го соборат на гласањето со гласовите од конзервативното крило во партијата.

Охајо одлучувачко

Се чини дека најзначајно ќе биде гласањето во Охајо, бидејќи тоа место се смета за клучно за претседателските избори во ноември. Ниту еден републиканец никогаш не бил избран за претседател без да победи во оваа држава. А, трката меѓу Ромни и Санторум таму се чини дека е тесна, како што покажаа неодамнешните истражувања на јавното мислење.

Mitt Romney, Vorwahl im US-Staat Washington

Мит Ромни

Ромни на митинзите во оваа држава рече дека претседателската трка е „битка за душата на Америка“ и се фокусираше на економијата.

„Ако станам претседател, тогаш сакам повеќе работни места за луѓето од Охајо и за луѓето од Америка“, вети Мит Ромни.

Санторум, пак, се противи на абортусот и хомосексуалните бракови, а се претставува и како автентичен конзервативец кој ја разбира работничката класа.

„Така ќе можеме да ја ограничиме владата. Фамилиите се силни, црквите се силни, доброволните организации се силни. Луѓето во заедницата се грижат едни за други. Го знаете тоа“, рече Рик Санторум на партиски собир во Охајо.

Што велат статистиките?

Ромни досега победи во осум држави, а Санторум во четири, ако се брои и изборот во Мисури, кого медиумите го нарекуваат „избор на убавина“, бидејќи не носи претставнички гласови на конгресот на Републиканската партија, кога конечно треба да се избере противкандидатот на Обама. Гингрич победи

USA Vorwahlen Republikaner Rick Santorum

Рик Санторум

единствено во Јужна Каролина, додека конгресменот Рон Пол не оствари ниту една победа и се надева дека денеска ќе помине добро на предизборите во Алјаска, Ајдахо и Северна Дакота.

За некој од овие политичари да стане претседателски кандидат на републиканците, потребно е да освои 1.144 делегатски гласови на партискиот конгрес. А, 400 делегати доаѓаат од изборот на „Супер вторник“, што претставува речиси 40 проценти потребни за сигурна номинација.

Во предвечерјето на денешното гласање, пораката што стаса од естаблишментот на Републиканската партија беше јасна: „Време е, ако времето не е и минато, да се кристализира конкуренцијата и да се обедини партијата зад напорот за поразување на Обама наесен.“

Автор: Александар Методијев /дпа/афп/ап/ард

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска