1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Супер Вацлав и Бетмен - супер херои од наше маало

Бетмен и Супермен не живеат само во Америка. Во Словачка и во Чешка, на пример, граѓаните имаат вакви домашни супер јунаци. И тие не се занимаваат со спасување на светот, туку со секојдневни проблеми на граѓаните.

Тој едноставно има некоја фалинка, велат едни. Други аплаудираат и го исмеваат по малку.

Золтан Кохари е Бетмен. Тој не сака да го спаси целиот свет, или пак дел од него да го направи сигурен. Тој само сака да го разубави својот роден град во Словачка, Дунајска Стреда.

Во парк собира отпадоци, им помага на пешаците да преминат улица и турка автомобили кога ќе се расипат.

Тоа не е ништо особено. Неговиот слоган е: ако сите барем малку придонесат, на крајот може да излезе значајна работа.

„Јас сум Бетмен бидејќи сакам тука да владее ред и на сите да ни е подобро. Сакам да покажам дека за нашата земја мораме сами нешто да сториме, а не се’ да и‘ препуштиме на судбината“, вели Золтан Кохари.

На Словачка не и‘ треба Бетмен?

Тој сам го сошил својот костум. Невработен е, и има многу слободно време. Како Бетмен сака да им се оддолжи на граѓаните.

Госпоѓа Орватова му раскажува на Бетмен дека и‘ ја исклучиле водата и струјата, иако на сопственикот на станот редовно му ги плаќа сметките. Ова меѓутоа не е случај за него, туку за полицијата.

Неколку улици понатаму можност за Бетмен да се докаже во акција. На уредувањето на еден двор една недела ништо не е сработено. За неколку минути Дунајска Стреда веќе изгледа малку поубаво.

„Мислам дека на Словачка и‘ треба нешто друго, а не Бетмен. Тој човек изгледа како да е малку луд, но е безопасен и нема лоши намери.“

Flash-Galerie Gamescom Köln 2011

Бетмен од Дунајска Стреда сака да го разубави својот град

Прага си го има Супер Вацлав

Во време на криза во земјите од источна Европа изгледа има повеќе од еден супер херој. Овој се вика Супер Вацлав и дејствува во Прага. Тој посебно им се има навртено на лошите луѓе.

Супер Вацлав го открил сопственикот на куче кој од земја не го собира изметот од својот љубимец. Тој го казнува на лице место, го валка со истиот тој измет.

Сопственикот на кучето се обидува да се одбрани. Безуспешно. Супер Вацлав е неверојатно брз.

„Тоа е добра идеја. Супер Вацлав е одличен. Конечно се појави некој кој внимава на некои работи. Но, можеби малку грубо.“

„Тој е прекрасна личност и јас сум еден од неговите најголеми обожаватели. Малку се оние кои имаат храброст да сторат такво нешто. Мислам, некого по грб да го намачкате со кучешки измет.“

Karneval 2012 Köln Handy iphone Smartphone Internet

Супер јунаците го спасуваат светот, а Супер Вацлав и Бетмен „само“ својот град

Страв и трепет

Не треба да се плашат само сопствениците на кучиња. Во Прага е, на пример, забрането да се пуши на трамвајските станици. Цигарите брзо се гаснат. Можеби од страв од Супер Вацлав.

Тој веќе неколку пати ги има казнето оние кои пушеле на станиците што се под негова контрола. Секоја своја мисија ја има документирано со видео камера прицврстена на својата кацига. А тогаш, напад.

Брзо исчезнува и веднаш се соочува со следниот престапник, својата нова жртва. Но, во оваа ситуација Супермен се повреди. Падна.

Кој е Супер Вацлав?

Раководителот на продавница за стрипови Вацлав Дортс се прашува, кој е тој човек? Тој ги познава сите стрип јунаци. Меѓутоа, некој како што е Супер Вацлав е сосема нешто ново. Таков досега немало.

„Интересно е дека имаме еден тип на чешки супер јунак чија задача не е да ја спаси планетата од пропаст. Тој не решава големи проблеми, туку сосема мали, локални, секојдневни, за кои ние немаме решение. Секако тој не е типичен супер јунак. Бидејќи супер јунаците го спасуваат целиот свет или барем цел град.“

На крај излезе дека чешкиот супер јунак бил само рекламен трик на една интернет компанија. И Золтан Кохари сака да прави реклама за еден подобар свет, кажува на крајот. Но, се’ останато на него е вистинско. Можеби е невработен, но секој би требало барем малку да се потруди, дотолку повеќе сега, во време на криза.