1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Сузан Зонтаг - добитник на наградата за мир на германските книгоиздавачи

Американската писателка и теоретичка на културата Сузан Зонтаг е добитник на на годинашната награда за мир на германските книгоиздавачи. Зонтаг, која важи како жесток критичар на ирачката војна, меѓународното признание го доби пред се поради нејзините есеи во кои критички се осврнува на културата и на сегашноста. Оваа американската писателка е 54-от добитник на признанието, кое носи и 15.000 евра, а кое традиционално се доделува во рамките на Саемот на книгата во Франкфурт.

Во црквата Полскирхе - некогашното седиште на франкфуртското национално собрание од 1848 година - историски камен-темелник на германскиот развој на демократијата Сузан Зонтаг го прими ова значајно признание. И уште еднаш таа покажа дека нема влакна на јазикот. Позната како интелектуален градител на мостови меѓу Америка и Европа, таа зборуваше за длабокиот јаз меѓу стариот и новиот свет. Американците и Европејците се оттуѓија - како политички, така и културно, изјави Зонтаг при приемот на наградата: "Така Америка денеска се гледа себе си како бранител на цивилизацијата и спасител на Европа и истовремено се прашува зошто Европејците не можат тоа да го согледаат; Европејците од друга страна ја гледаат Америка како една безобsирна воена држава, што, пак, Американците од своја страна ги поттикнува да ја посматраат Европа како непријател на Америка."


Поврзана содржина