Судски процес против Еклстон во Минхен? | Теми | DW | 11.05.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Судски процес против Еклстон во Минхен?

На шефот на Формула 1, Британецот Берни Еклстон, според медиумски извештаи, му се заканува судски процес во германскиот град Минхен во кој би требало да биде обвинет за плаќање поткуп.

Државното обвинителство во Минхен, според информациите на весникот „Зиддојче цајтунг“, ќе покрене обвинение против првиот човек на натпреварувањата во Формула 1 Берни Еклстон.

Според весникот, обвинителството во Минхен ја завршило својата истражна постапка за сомневањата за корупција против 82-годишниот Британец и покренувањето на обвиненето може да се случи уште пред 20 мај. Доколку судот биде уверен дека обвиненијата се засновани на доволно докази за судски процес тогаш можен е почеток на судењето веќе наесен.

Обвинителството смета дека има докази оти Еклстон во 2005 година му платил 32,5 милиони евра мито на тогашниот член на Управниот одбор на Баварската покраинска банка (Бајерн ЛБ), Герхард Грибковски. За возврат, банкарот требало уделот на Бајерн ЛБ во Формула 1, како што посакувал Еклстон, да му го продаде на британскиот инвеститор ЦВЦ. Герхард Грибковски, кој веќе е осуден за настворска казна од осумипол години, веќе го призна примањето поткуп. Еклстон ги отфрла обвиненијата и тврди дека Грибковски го уценувал.