1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судот одлучува за шамијата

Турскиот уставен суд денеска расправа околу укинувањето на забраната за носење шамија за студентките на универзитетите. Опозиционите кемалисти поднесоа тужба до судот откако парламентот донесе одлука да се укине забрана

default

Шамијата предизвикува многу дебати

Во февруари годинава Турција ја укина забраната за носење шамија за студентките на универзитетите со помош на гласовите на владејачката исламско конзервативна партија АКП и ултра националистичката опозициона партија МХП. Премиерот Реџеп Таип Ердоан тогаш укажа дека дотогашната забрана за носење шамија го ограничува правото за слободно образование, имено две од три Турчинки носат шамија


„Ние следиме една единствена цел: да ги ослободиме студентките на универзитетите од еден проблем. Преземаме мерки кои се однесуваат само на универзитетите. Мора да бидеме подготвени дека ќе има провокации кои имаат намера да го саботираат нашиот обид за нормализација и воспоставување општествен мир. Тоа однапред го кажувам.“


Опозицијата се противи


Тоа што премиерот го нарече провокации, навистина и се случи. Имено дебатата околу дозволата, студентките на универзитеитие да носат шамии во Турција се води многу емоциопнално. Кемалистичката опозиција поднесе тужба пред уставниот суд против одлуката на парламентот. Во нејзини очи владејачката АКП е исламисичка опасност, а „турбанот“ како што се нарекува шамијата е симбол на полтичкиот ислам којшто е спротивен на уставниот лаицизам. Водачот на опозицијата Дениз Бејкал


„Денеска не станува збор за или против турбанот. Туку станува збор за егзистенцијално прашање дали Република Турција и натаму ќе биде лаицистичка или не. Ако дозволиме религијата да има влијание на клучните прашања во државата, правосудството и образованието, тогаш ќе се види каде води тоа - и тоа или ќе се почека или ќе се земат опоменувачки примери како Ирак, Иран, Палестина или Либан.“


Во судир со лаицизмот


Имено досегашната забрана за носење шамија на студентките не се потпира на закон туку на поранешна пресуда на уставниот суд. Денешната судска расправа може да биде од големо значење и за процесот кој се води за забрана на владејаката парија АКП. Имено укинување на забраната за носење шамија на универзитетите, усвоено од страна на веќе пет години владејачката исламско конзервативна партија, според тужбата се судира со лаицистичката основа на државата.