1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Судот им порачува на новинарите да се едуцираат

Според Основиот суд Скопје 1, Кежаровски го злоупотребил новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес

default

Неосновани се изјавите на новинарските здруженија дека судот не го осудил само новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски туку пресудата е вперена против слободата на изразување и слободата на медиумите, реагираат од Основниот суд Скопје 1 на реакциите по пресудата за Кежаровски со којашто е осуден на четири години и шест месеци затвор. Според судот, оваа пресуда не треба да се претставува страв за вршење на професијата, туку да предизвика сериозна загриженост кај новинарската фела за нивото на едуцираност на поедини новинари за законските прописи од аспект на сериозноста на фактите за кои известуваат наспроти во конкретниот случај злоупотребата на новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес.

„Во оваа смисла ги прашуваме новинарите и сите оние што упатија остри реакции на пресудата на судот, дали јавниот интерес за откривање на заштитениот сведок и со тоа рушење на судска постапка претставува поголем јавен интерес од јавниот интерес за откривање на еден криминален акт на кривично дело убиство, кое е мерилото на совеста и етика на фелата за дадените остри реакции кон судот со кое ваквата слобода на говорот е

ставена во функција на јавниот интерес и кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка“, се вели во писмената реакција од Судот.

Од Судот велат дека се фаворизира фактот дека еден од осудените е новинар, иако се осудени и судии, адвокати, обвинител.

Реакциите, според Судот, имаат цел да и прикажат на јавноста дека судот применува драконски мерки, а новинарот претставува неука странка кој не бил воопшто свесен за последиците од објавените текстови, иако истиот неспорно е правник по струка и во своите текстови во списанието Репортер кога го објавил идентитетот на заштитениот сведок, детално го обработувал Законот за заштита на сведоци.

„За судот конечно останува посебно нејасна и загрижувачка реакцијата на ОБСЕ дека преголемата казна за Кежаровски е загрижувачки развој кој испраќа јасна порака за цензура на другите новинари, при што нејасно останува како од кои причини и на што судот врши цензура при спроведувањето на законот во една демократска држава“, реагираат од Судот.

Утре протест на новинарите во Македонија

Кежаровски во понеделникот беше осуден на затворска казна од четири години и шест месеци за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше, кој потоа јавно призна дека бил лажен сведок. ОБСЕ и новинарските здруженија од Македонија и од светот изразија загриженост големината на затворската казна и предупредија дека со ова се загрозува слободата на говорот во Македонија.

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски во среда, 23-ти ноември во 12:05 часот ќе одржи протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје. „Ги повикуваме новинарите, медиумските работници и сите граѓани заедно да ја одбележиме борбата за слобода и во нејзино име да изразиме несогласување со затворската казна во траење од четири ипол години за колегата Кежаровски. Придружете ни се со молк и облечени во црно на симболичен начин да покажеме револт поради заробената медиумска слобода“, повикуваат од Иницијативниот одбор.