1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Судот забрани штрајк на аеродромот во Франкфурт

Судот за работни спорови во Франкфурт им забрани на контролорите на летање на аеродромот во градот да се приклучат кон 200-те членови на персоналот на земја, кој штрајкува поради спорот со управата околу платите.

Компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот и авиопревозникот „Луфтханза“ побараа времена мерка на судот за да спречат и продолжување на штрајкот на персоналот на земја, но и најавениот штрајк на контролорите на летање, а синдикатите на одлуката на судот можат да вложат жалба.

Судот заседава утре наутро во случајот на продолжување на штрајкот на персоналот на земја.

Персоналот на најфреквентниот германски и еден од водечките европски аеродроми првпат ја прекина работата на 16 февруари, барајќи зголемување на платите и бонусите, како и пократко работно време.

Автор: ЖА/ЕМФ/дв/миа

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска